четврток, ноември 14, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

Одржан редовниот состанок на ЕУО на ДКЕ

На 12.02.2024 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, беше одржан редовниот годишен состанок на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија Охрид. На состанокот беа разгледани повеќе суштински прашања од животот на Епархијата од изминатата година, а беа разгледани и повеќе пристигнати писма и акти од други страни. На редовниот состанок беа разгледани и усвоени и Завршната сметка на Епархијата за 2023 година и Предлог буџетот на Епархијата за 2024 година. Состанкот се одржа под претседателство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а во присуство на членовите на ЕУО на ДКЕ Охрид, и тоа:

  • архимандрит Нектариј Најдоски – Охрид
  • протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески – Охрид
  • протоереј Васко Голабоски – Струга
  • д-р Сашо Цветковски – Струга
  • д-р Светослав Маџаров – Охрид
  • г-дин Петар Спасески – Охрид и
  • протоереј-ставрофор Никола Христоски, во својство секретар на ЕУО на ДКЕ Охрид и записничар на состанокот.

 

dke.org.mk