Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков преку Фејсбук се огласи по информациите пласирани во одредени медиуми во врска со набаавка на булдожер во ЈП Охридски Комуналец, со што се прекина повеќе децениското исплаќање средства на фирмата која ја одржувала депонијата за сума од 5000 евра месечно, или 60 000 евра годишно.
Пецаков коментира дека се работи за организирана хајка која не се случува прв пат и секогаш оди според исто сценарио. Тој пишува дека ова доаѓа од како стигнале резултатите од најновите анкети, а според кои СДСМ во Охрид ќе доживее историски пораз.
Постот од градоначалмникот Пецаков предизвика лавина на социјалните мрежи, собра стотици споделувања, лајкови и коментари, кои речиси во целост се со поддршка за него.