Наш ИзборНаш изборОхрид

Маринела Кошаркоска- охриѓанка која е тату-артист во Чикаго

Маринела Кошаркоска од Охрид, живее во Чикаго, каде што повеќе од 5 години работи како тату-артист. Она што во детството била љубов кон цртањето уметнички слики, графички дизајни и икони, подоцна се претворило во поинаков тип на уметност – тетовирање.

Сето ова почнало откако Маринела се преселила во САД, па сега гради успешна кариера во познатото студио Venture Tattoo во Чикаго.

Колку долго работиш како тату-артист, од каде желбата за оваа професија?

Како тату-артист работам пет и пол години. Талентот и желбата за цртање ги имам уште од најрани години.

Цртав портрети, уметнички слики во разни техники, икони, изработував графички дизајни, но, секако, најмногу се пронајдов во оваа професија.

Дали тетовираше и пред да се преселиш во Чикаго?

Не, можноста да започнам со тетовирање ја имав првпат овде.

Претходно истражував различни техники, посветено работев на портрети, на уметнички слики на платно и на икони.

Колку е тешко да се пробиеш, но и да се позиционираш на американскиот пазар, бидејќи верувам дека конкуренцијата е многу голема?

Америка е земја каде што можеш да го истакнеш и искористиш талентот.

Точно, конкуренцијата е голема, но кога работиш одговорно, посветено, вредно и со голема љубов кон професијата, успехот е неизбежен.

Како научи да црташ? И колку време вежбаше пред да ја направиш првата тетоважа на човек? На што тренираше?

Талентот за цртање го носам во гените од мала.

На училиште постојано цртав за различни конкурси и теми, делата кои ги испраќав беа наградувани.

Пред да ја направам првата тетоважа на човек, вежбав на вештачка кожа, сè до моментот додека не се почувствував подготвено да изработам портрет на татко од неговиот син.

Тој беше многу среќен и задоволен.

Оваа тетоважа беше услов и да бидам примена на работа, што за мене претставуваше голем успех.

 

 

Цело интервју на crnobelo.mk