На 07.02.2024 во 17.55 часот во близина на спортски комплекс во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица од Охрид на (20) и (22) години, затоа што при преглед кај нив едно од лицата се обидел да фрли кеса со марихуана. Дрогата е одземена и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
извор: СВР Охрид