АктуелноОхрид

Судски совет избра судии поротници во Основниот суд Охрид

Судскиот совет, на денешното продолжение на 476-та седница донесе одлука за избор на тринаесет судии поротници во Основен суд Охрид и десет судии поротници во Апелационен суд Гостивар.

За судии поротници во Основен суд Охрид избрани се Марија Димитриевска, Михаил Котовски, Ангела Крлевска, Маја Латковска, Јован Михајловски, Марија Мошова, Александра Серафимовска, Надица Спировска, Милена Стојановска, Билјана Трпевска, Горан Угриновски, Асине Шемо и Руши Шемо.

За судии поротници во Апелационен суд Гостивар избрани се Берна Емурлаи, Драган Матевски, Мерита Ќерими, Весна Јаневска, Јадранка Симјановска, Дорис Матевска, Жаклина Игњатовска, Адријан Рамадани, Генц Садини и Билјана Филиповска.

Претходно Советот формира Комисија, во состав на Мирсад Суроји, Павлина Црвенковска и Ханиф Зендели, која што ќе треба да утврди ориентациониот број на предмети што треба да ги решат судиите месечно за 2024 година.

Советот, исто така, ја утврди конечната ранг листа на кандидати за избор на еден судија на Апелационен суд Гостивар, за кривична област и тоа: Емине Мурати од Основен суд Гостивар – 66,9 поени, Јетмир Хамзаи од ОС Гостивар – 53,2 поени и Ваиде Арслани – ОС Гостивар – 52,15 поени

На денешната седница, Судскиот совет ги разгледуваше и одлучуваше по жалби на ранг листи за избор на двајца судии на Апелационен суд Штип и тоа еден за кривична и еден за граѓанска област;

Кај кандидатите од граѓанска област, Судски совет на судијата Тодор Поп Панев од ОС Штип делумно му ја усвои жалбата во делот на познавање англиски јазик и додаде пет поени, додека во делот на компјутерски поени еден поен, со што тој добува вкупно 68,87 поени.

На кандидатката, Сузана Милевска од ОС Кочани, Комисијата донесе одлука да го измени бодувањето за познавање на англиски и да се намали за четири поени, па така таа има вкупно 62,4 поени. Третиот кандидат, судијата Александар Цацков од ОС Штип има 53,37 поени.

За кандидатот, судија Ацо Тасев од ОС Штип, постапката е запрена, откако тој со писмен допис ја известил Комисијата дека ја повлекува кандидатурата, по неговиот избор за претседател на ОС Штип.

Советот продолжува со 476-та седница по пауза од половина час.

На дневен ред на седницата се повеќе точки, меѓу кои расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Македонија.