Наш ИзборНаш изборОхрид

Беседата „Како против пизмата? “ под шифра: „Адет госпоари“ најдобра на Конкурсот на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид за 2024

Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2024 годинава по втор пат НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша  Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема „Како против пизмата?“

Од пристигнатите беседи на распишаниот Конкурс комисијата оценувајќи ја  нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина за најдобра ја одбра беседата „Како против пизмата? “ под шифра: „Адет госпоари“

На Конкурсот кој за првпат се организираше на државно ниво можеа  да се пријават  сите млади автори од 15 до 30 годишна возраст, велат од Библиотеката.

Авторот на наградената беседа треба да го докаже својот идентитет и авторство со примерок од творбата испратен на biblioteka_ohrid@yahoo.com

Наградата за најдобра беседа ќе биде врачена  на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

 

НУ Библиотека