На 27/28.01.2024 година од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале 09 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга- 01, Кичево- 04).
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
СВР