АктуелноОхрид

Уклучена е струјата на Комуналното претпријатие во Дебрца – пумпите за вода ќе проработат!

Дебрца вчера остана без вода. Причина е што беше исклучена струјата во Јавното Комунално претпријатие. Дознаваме дека со времена мерка денеска е вклучена струјата во Комуналното претпријатие., што значи ќе проработат и пумпите за вода.

Дознаваме дека од сега струјата за пумпите за вода ќе ја плаќа општината. На овој начин ќе се избегне проблемот општината и жителите да останат без вода.