ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 60 годишен жител од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При сообраќајна контрола извршена на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле товарно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, што пријавениот го управувал. Притоа, тој на полициските службеници, во сообраќајните документи им оставил пари со цел да не преземаат службени мерки против него.
извор: СВР Охрид