Наш ИзборНаш изборОхрид

Патничко возило излетало од коловозот управувано од лице од Враништа

На 19.01.2024 околу 22 часот во полициската станица Струга, пријавено е дека на регионален пат Р1201 Струга – Дебар, кај место викано „Мороишки мост“, струшко, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице на (37) години од селото Враништа, струшко, излетало од патот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од полициската станица Струга.