недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

АМСМ: Забрана за тешки товарни возила на преминот „Ѓавато“

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија.

Од 09:45 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот премин „Ѓавато“, поради обилни врнежи од снег. Од 09:00 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка, поради обилни врнежи од снег. Поради интензивни снежни врнежи од 08:45 часот на патниот правец А2 Струга-граничен премин „Ќафасан“ се воведува забрана за тешки товарни возила. Поради силен ветар големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до граничниот премин „Јажинце“ од 08:40 часот се воведува забрана за автобуси и тешки товарни возила а за останатите задолжителна зимска опрема. Патот од Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар) е затворен за товарни моторни возила. Поради интензивни снежни врнежи на планинскиот превој „Стража“ и во Маврово од 04:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година.

извор: АМСМ