петок, ноември 15, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Во прекрасна празнична атмосфера помина, големиот христијански празник Богојавление – Водици

Традиционално денот започна со служење на света архиерејска литургија во парохиските цркви. Потоа следуваше чинот на осветување на водите од Охридското езеро. По завршувањето Светиот чин и вадењето на Чесниот крст од водите на Охридското езеро, започна концертот на групата „Некст Тајм“ на Градскиот плоштад каде бројните охриѓани и гостите се забавуваа.
Му честитам на пронаоѓачот на Чесниот крст, охриѓанецот Никола Јакимовски и му посакувам многу здравје, среќа и к’смет да го следни во живтот, а Чесниот крст да му ги исполни сите желби.
За многу години, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.