АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Осветена водата во Охридското Езеро – крстот го фати Никола Јакимоски

Никола Јакимоски од Охрид нјсреќен од сите верници кои скокаа по светиот крст.

На фрлањето на крстот ќе му претходат свечени литургии по повод празникот што се одржуваат од изутринава во сите парохиски цркви, по што околу 9:30 часот литиите поаѓаат кон Градското пристаниште.

Пријавени се речиси илјада верници и тоа не само од Охрид и околните места, туку и од многу други градови од целата држава, поединци и од соседните земји.

Верскиот дел од чествувањата ќе биде заокружен точно на пладне на Сараиште, со масовно крштевање во осветените езерски води.

Што се однесува на световниот дел од манифестацијата, што е во организација на Општина Охрид, градот е веќе свечено украсен, централното градско подрачје и пристаништето се закитени со зеленило и верски знамиња.