Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани, соопшти денеска градоначалникот Спасе Кочовски.
„Во трагедијата што се случи сношти во Вевчани, во сообраќајна несреќазагина жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани е мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан.
Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин“, изјави Кочовски.
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека не го препознава Вевачни вакво и изрази жалење и сочувство до семејствотона младото момче.
„Јас, за жал, знам како изгледа таа болка. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе го одлучат граѓаните на Вевчани, денеска да се случува, тоа и ќе се случува. Наредната година традицијата ќе продолжи понатаму. Се надевам вакви немили настани повеќе нема да има“, изјави Костадиновска-Стојчевска.
Во спобрачајната несреќа кај селото Подгорци во 1,20 часот по полноќ загина 19-годишниот Милан Мукоски, син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.