АктуелноОхрид

Приведени две лица од Охрид – полицијата кај нив пронашла кокаин

Двајца млади охриѓани, кај кои е пронајден кокаин, рано изутринава биле приведени во ноќен клуб во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 01.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведен е 29 Годишен Охриѓанец. Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин. Во 02.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведен е 31 годишен Охриѓанец затоа што кај него полициски службеници пронајдоа кокаин, се појаснува во соопштението.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

извор: СВР Охрид