петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Македонија во ноември минатата година ја посетиле 45.494 странски туристи

Во ноември 2023 година во Република Македонија се евидентирани 66.668 туристи, од кои 21.174 се домашни, а 45.494 се странски, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено со претходниот месец се бележи пад во посетеноста за 27.497 туристи. Колку за илустрација, вкупниот број на туристи во ноември е речиси идентичен со бројот на странски туристи во месец октомври.

Биле остварени 137.548 ноќевања, од кои 37.5 % се од домашни, а 62.5 % од странски туристи. Најбројни биле туристите од Турција, Србија и Грција.

Во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 20.9 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0.3 %, а кај странските има зголемување за
37.6 %. Во анализираниот период бројот на ноќевањата
е зголемен за 9.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 23.0 %.

извор: ОхридПрес