АктуелноОхрид

WizzAir го намалува бројот на летови од Охрид до Виена

Авиокомпанијата WizzAir од средината на месецов, па се’ до средината на март ќе го намали капацитетот на својата мрежа, поради глобалниот проблем со моторите произведени од Pratt & Whitney.
Бројот на летови од Охрид до Виена од четири ќе биде намален на три лета неделно.

Услугите за Базел и Меминген ќе ги имаат најголемите намалувања на фреквенцијата, а покрај тоа ваквата состојба ќе резултира и со привремен прекин на неколку линии вклучувајќи ги и Скопје-Луксембург и Скопје-Болоња.

извор: ОхридПрес