ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид ги прашува ОЈО – Основен Суд Охрид до каде се двете кривични пријави поднесени до вас на почетокот од 2023 г. од страна на стопански криминал при СВР – МВР Охрид против лицето Сотироски Крсте од с. Љубаништа вработен како шумочувар во Јавна Установа Национален Парк Галичица Охрид, каде се товари за пустошење на шума, злоупотреба на службена позиција, фалсификување службени документи, за остварување матријална корист?!
Имено, повеќе пати ја информиравме јавноста и надлежните служби за криминалот во установата кои на крајот се покажаа веродостојни.
Во 2020 во предизборниот циклус управата на ЈУНПГ без дозвола од Шумарски Инспектор без согласност на Министерство за животна средина спротивно на Законот, без дозвола за сеча (бидејќи од 2017 согласно програмата установата не врши сеча на дрва) ја опустоши шумата од околу 400 кубици огревно дрво кај пикник зоната ,,Јадера” уредена за рекреација и ја претвори во пустина.
Целокупната противправна дејност ја организирал со знаење на раководството шумочуварот Крсте Сотироски, при што огревното дрво го продавал по багателни цени со фалсификувани документи на селективни клиенти членови и симпатизери на СДСМ од околните села Пештани и Трпејца, присвојувајќи голема сума парични средства, стои во пријавите на СВР Охрид.
Исто така ова лице наместо да биде санкциониран од установата за криминалот на истиот управниот одбор на установата спротивно на закон му ги поништил казните од дисциплинската мерка и плус во содејство со ОО СДСМ Охрид незаконски без исполнети услови за награда му го вработија синот кој воедно е актуелен председател на СДСМ во с. Љубаништа, за да можат сплотени уште повеќе да го доуништат нашиот бисер Галичица.
Горенаведениот шучомочувар кој години е заштитен како бела мечка на своето конто поседува огрмен мотел во с. Љубаништа, луксузен стан во Охрид, куќа во Охрид, возен парк од моторни возила и луксузни џипови од по десетици илјади евра и се од една плата од ЈУНПГ.
Од тука прашуваме до каде е постапката во ОЈО Охрид и бараме итна разрешница на овој криминал!
Во спротивно ќе побараме независна истрага, а секако наскоро со промената на власта ќе го отвориме овој и сите можни случаи на сторени криминали, бидејќи народот бара правда и спрведување на правото.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид