Наш изборНаш ИзборОхрид

Превентивни активности на СВР Охрид за побезбеден сообраќај

На 05.01.2024 во Охрид, Кичево и Дебар, Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата продолжи со кампањите од областа на безбедноста во сообраќајот, како што се „Користи зимска опрема“, „Вози одговорно – прилагоди ја брзината“, „Биди одговорен за време на празниците“ и „И јас и ти сме пешаци“.
Притоа, на учесниците во сообраќајот им беа делени летоци со едукативна содржина и репрезентативен материјал, а воедно им беше укажано и за ризиците и последиците кои можат да настанат поради некористење на зимска опрема т.е. зимски гуми, како и за последиците од неприлагодената брзина според условите на патиштата и според правилата за ограничување на брзината преку сообраќајните знаци, како и за можните последици од употреба на алкохол при управување на моторно возило.
Исто така, во централните градски подрачја на пешаците им беа давани совети како да се однесуваат како рамноправни учесници во сообраќајот со цел поголема безбедност и за себе и за другите учесници.
МВР