АктуелноОхрид

Христијана Парулеска се вброи во најдобрите пет млади спортистки во Македонија

Во средата на 27.12 2023 година во хотелот” Александар Палас во Скопје , во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на Спортските Федерации, се одржа Избор за Спортист на 2023.На овај избор Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација аплицираше со еден натпреварувач, Христијана Парулеска , која испиша Историја во Македонскиот спорт, која учествуваше на Европското првенство во Јесоло-Италија, натпреварувајќи во две дисциплини, во борби и форми, осовјувајќи златен медал во борби, Европска шампионка, и сребрен медал во форми Европска вицешампионка, а со тоа го заслужи и Пехарот за најдобра кадетка во Европа. После само 3-4 месеци на Светското првенство во Астана-Казхстан , влегувајќи во постара возрасна категорија, во борби го освои бронзениот медал  во борби, за жал патот до златото при убедливо водство во полуфинале мораше да ја предаде борбата поради повреда, од која сеуште закрепнува.

 Единствена натпреварувачка на нејзина возраст која во иста година има освоено медал и од Европско и од Светско првенство и како најмлада добитничка на Св Климентова Награда Патрон на градот –Повелба.

Претседателот на М.Т.Т.Ф изразува најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, кој е најзаслужен за сите овие успеси, кој во изминативе 10 години несебично беше секогаш со нас и не туркаше  во нови поголеми успеси и достигнувања , кој од спорт кој едвај преживуваше, не издигна во еден од најдобрите спортови во Македонија и затоа ќе сме вечно благодарни за се што има направено за нас.

 

Истотака сакаме да изразиме огромна благодарност до АМС и ССМ, кои ни дадоја  доверба и прилика да бидеме дел од најпрестижната Спортска Манифестација  во Македонија, рамо до рамо со сите Спортски Федрации, што е најголем успех за нас како Федрација.

Не изостанува огромната благодарност и до Општина Охрид, која призанвањето на нашите успеси го овековечи со Св Климентова НаградаПатрон на градот –Повелба, доделувајќи и на Христијана Парулеска која беше во најдобрите пет млади спортистки во Македонија.

 

 

powerinfo.mk