АктуелноОхрид

(ФОТО) Пет новороденчиња на одделението за гинекологија во Охрид, шестото е на пат – градоначалникот ги посети

Нека новата 2024 година биде плодна како што е плоден денешниот ден.
На одделението за гинекологија при Општата Болница Охрид, во текот на денешниот ден на свет дојдоја пет новороденчиња, додека шестото е на пат.
Традиционално, денеска, заедно со директорот на Општата Болница, Асен Шајн, како и дежурната екипа на гинеколошкото одделение ги посетивме сите новороденчиња и им даривме пригодни подароци.
Да бидат живи, здрави и среќни деца, а родителите горди на нивната принова, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков