Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Пецаков: „Далматинко и Дедо Мраз“ денеска ги израдува дечињата и ги стопли срцата на возрасните

Со впечатлива новогодишна тематика, многу весела музика и шеги, театраскиот хит за деца „Далматинко и Дедо Мраз“ денеска ги израдува дечињата и ги стопли срцата на возрасните.
Преку својата професионална игра, актерите Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов, пренесоа прекрасни пораки за другарство, искреност и љубов.
Празничната програма за најмладите на градскиот плоштад продолжува и утре со Музичко – театарскиот спектакл „Новогодишна детска бајка“ со почеток во 12:30 часот, стои во објавата од градоначаликот КирилПецаков.