На 29.12.2023 во 11.10 часот било пријавено дека во Струга патничко моторно возило „пежо“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од лице на (33) години од с.Вевчани, удрило во лице на (80)години од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга.