АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Поставена Бадниковата пештера на Градскиот плоштад

Бадниковата пештера е поставена на Градскиот плоштад и во меѓувреме течат подготовките за манифестацијата „Бадникови поворки“ 2024 година.
Во насока на негување на традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни, на 6 јануари, стотици деца низ охридските улици ќе ја пеат ,,Вечниот Бог”. Учесниците во поворката ќе носат ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата Деница што им го покажала патот на мудреците до пештерата. На плоштадот децата ќе бидат пречекани од Градоначалникот и ќе им бидат поделени и пригодни подароци, пишува во објавата заменик градоначалникот Перчо Божиновски.