Весела новогодишна атмосфера имавме и денеска на градскиот плоштад, благодарение на детската театарска претстава “Ракавиците на Дедо Мраз”.
Преку интересна приказна исполнета со забава и многу музика, џуџињата, Снежана, волкот и зајакот го пронајдоа сокриениот Дедо Мраз и му ги вратија изгубените ракавици.
Празничната програма за најмладите на градскиот плоштад продолжува утре, со детскиот татарски хит “Далматинко и Дедо Мраз” со почеток во 12:30 часот, стои во објавата од градоначалникот Кирил Пецаков.