Охридскиот плоштад вчеравечер наликуваше на вистинска новогодишна бајка, со беспрекорните изведби на најпознатите композиции од анимираните филмови на “Дизни”.
Горд сум и благодарен на нашите млади музички таленти од ООМУ “Методи Патче” и секако на нивните ментори кои ни го подарија овој прекрасен Новогодишен концерт.
Драги охриѓани и ценети гости, уживајте во новогодишната програма и во текот на наредните празнични денови, пишува во објавата градоначалникот Кирил Пецаков.