Денеска на Факултетот за туризам и угостителство се одржа свеченост, на која беа доделени дипломите на дипломираните студенти на прв циклус студии во академската 2022/23 како и на студентите на втор циклус студии кои магистрирале на факултетот во истиот период.
На свеченоста по тој повод дипломираните и магистрираните студенти, ги поздрави деканот на факултетот за туризам и угостителство проф. д-р Снежана Дичевска честитајќи им го достигнатиот степен на образование и поканувајќи ги на понатамошна соработка како алумни на факултетот.
Деканката нагласи дека крајот на тековнава календарска година симболично го означува крајот на едно поглавје од нивниот живот, но и почеток на следното поглавје во кое ќе остваруваат успеси на професионален план и успешно ќе го претставуваат факултетот каде ја стекнаа својата диплома за формално образование.
Галеријата може да ја погледните на следниов линк