петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Автопатската делница Охрид-Кичево е приоеитет, ќе се склучува анекс на договорот

Потврдено е дека изградбата на автопатската делница Охрид-Кичево е приоритет. И Владата, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта е определена да се продолжи со нејзината доизградба, како дел од европскиот Коридор 8.

Владата ги овласти Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, да отпочнат преговори со изведувачот, за склучување анекс на договор, за продолжување рок за изведба, со искористување на веќе обезбедените финансиски средства за доизградба на автопатот Охрид-Кичево. Истовремено, изведбата на делницата, ќе продолжи да се реализира.