АктуелноОхрид

Беким Ќоку од Струга ќе ја води партијата на Курти во Македонија

Законот за политички партии не дозволува Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти да делува во Македонија, бидејќи во членот 8 од Законот за политички партии е наведено: „Политички партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат на територијата на Република Македонија“.

Сепак, претседателот на Деморкатското движење, Изет Меџити за А1он вели дека Самоопределувње веќе делува во Македонија, бидејќи Беким Ќоку, кој е од Струга, работи како советник на Курти и е член на Самоопределување. Сепак, не кажува дали Ќоку ќе се најде на листите како независен кандидат, бидејќи движењето Самоопределување не постои во македонскиот правен систем.

извор: А1он