Наш ИзборНаш изборОхрид

Левица поднесе иницијатива за прилагодување на влезовите на јавните објекти за пристап за инвалидни лица

Ја известуваме јавноста дека членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за градежно прилагодување на влезовите во јавните објекти за непречен пристап за инвалидни лица.

Образложение:
Грижата за лицата со инвалидитет од страна на општеството никогаш не е доволна. Нашите сограѓани заслужуваат со што повеќе и поголеми мерки да им го олесниме животот, барем во оние сегменти во кои имаме можност да реагираме. Поради тоа е неопходно да им овозможиме пристап до јавните објекти кои немаат вакви пристапи или не се соодветно адаптирани.

извор: Левица ЛО Охрид