Наш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Изложбата – Лица на Револуцијата, доаѓа во време кога секојдневно се посегнува по нашиот историски корен

Синоќа во спомен куќата на Христо Узунов се одржа еден исклучителен настан посветен на славното минато на Македонија и на најзначајните лица од тоа време.

  • Изложбата – Лица на Револуцијата, доаѓа во време кога секојдневно се посегнува по нашиот историски корен, нашата посебност, нашето македонство. Убеден сум дека самата изложба ќе даде придонес во самоосвестувањето на македонецот.

Верувам дека изложбата ќе предизвика интерес не само кај научната фела туку и кај сите останати.

Упатувам најискрени честитки до главните виновници за изложбата Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски, пишува во објавата градоначалникот Кирил Пецаков.