Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави Архангел Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија.
Тогаш Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица (поопширно под 9 септември).
denovi.mk