Наш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Дедо мразот од Лескоец ги израдува дечињата во основното училиште во с. Јанковец Ресен

Традиционално 5-та година по ред Лескоечкиот Дедо Мраз и неговиот тим успеаја да израдуваат многу дечиња во Основното училиште во с.Јанковец – Ресен каде беа топло пречекани од детските насмевки а за подобра забава се потруди добро познатиот урбан лик шоуменот Жанко З’ш Голабоски , во рамките на посетата тимот го посети дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост каде исто така беа топло пречекани од персоналот и посетителите на центарот.

Организаторот Драгослав Петкоски најавува и во наредните денови слични акции на повеќе локации со цел да се израдуваат што повеќе дечиња за што изразува благодарност до неговата екипа во состав Дарко Милески, Апартмани Ли-На и спонзорите од дијаспората.