Првата се случила во 00:45 часот на булевар „Железничка“, пред ресторанот „Станица“. Неофицијално во незгодата учествувале две возила марка „Форд“ и „Мерцедес“, а според првичните информации едно лице се здобило со повреди.
Втората незгода се случила во 01:15 часот во непосредна близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“, на регионалниот пат Охрид-Св. Стефан, на влез во Охрид.
Во двете незгоди е причинета поголема материјална штета.
Увидни екипи на СВР Охрид излегоа на лице место во двата случаи и се очекуваат повеќе официјални детали за настаните.
оhridpress.mk