Автобус заглавил на планинскиот превој „Ѓавато“ бидејќи овој превој не е доволно исчистен на малите снежни врнежи. Притоа дошла и полиција а имало интервенција од страна на булдожер кој дошол да се исчисти патот, а патниците го туркале автобусот за да дојдат во Охрид.
Ова не е ниту чудно ниту изненадувачки, со оглед на тоа што народот во Македонија веќе навикна на тоа со мали миимални снежни врнежи да се парализира државата, да заглавуваат возилата по превоите и да туркаат сами граѓаните. Во претходните снежи врнежи заглавени граѓани во снегот маката ја надминуаа со песна, како и да туркаат. Ова веќе постанува нормална работа во зимските услови низ земјава, со оглед на тоа што досега надлежните служби од „Македонија пат“ манифестираа никаква подготвеност во зимските услови на патиштата.
https://www.youtube.com/shorts/56x4Ufqg3Qs