Наш ИзборНаш изборОхрид

Лајка: Го нема повеќе крвопролевачкиот ринг кој речиси две години егзистираше во близина на Охрид

Добра вест – го нема повеќе крвопролевачкиот ринг кој речиси две години во близина на Охрид егзистираше како здание создадено да задоволува нечиј патолошки порив за крв и тортура, како и за печалење (ваљда и перење) пари плод на болот и агонијата на кутри кученца исклучиво чувани за таа цел.
Нашите реакции, бурата која се крена во јавноста, притисокот од сите страни донекаде вродија со плод. А зошто велиме донекаде? Затоа што целосниот плод ќе значи казнување на сторителите (за кои веќе и врапчињата знаат кои се) и спречување на создавање нов ринг во некоја друга потзаскриена средина.
Трагите од постоењето на овој ринг и натаму сведочат за хоророт кој се одвивал тука, а за кој надлежните со години ќутеле и не превземале ништо. Иако, и од други држави посетители си доаѓале на местово.
Министерство за внатрешни работи  до каде сме со дејствијата за кривичен прогон на сторителите и по основ на пријавата која ви беше доставена од страна на член на партијата Левица? Немате повеќе изговори за непостапување, стои во објавата на „Лајка“ .
Лајка