Наш ИзборНаш изборОхрид

Симона Димитриеска ученик во охридската гимназија со прва награда и акростих за светоста на Климента

На пригодна свеченост беа доделени наградите од литературниот конкурс кој беше распишан по повод Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид.

Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) наградена беше поетската творба „Светоста на твоето име“ од ученичката Симона Димитриеска во I-7, кај професорот по Македонски јазик и литература м-р Перчо Божиновски.

Градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков им додели парични награди и пригодни подароци на наградените ученици.