Наш изборНаш ИзборОхрид

Исклучени од сообраќај 11 лица кои возеле под дејство на алкохол

На 09/10.12.2023 година од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале 11 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид- 04, Струга- 01, Кичево- 06).
Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.