Наш ИзборНаш изборОхрид

И оваа година распишан КОНКУРС за најдобро рачно изработена хартиена честитка

Соборен Храм Св.Никола с.Враништа во склоп на секојдневните активности со Православна Младина с.Враништа, ги известува сите дечиња од с.Враништа и од другите парохии во Струшкото намесништво за радост на сите повторно е распишан КОНКУРС за најдобро рачно изработена хартиена честитка.
Честитките треба да се со тема: зима,Нова Година и св.Василиј.
Секое детенце може да донесе најмногу три рачно изработени честитки со погоре изложената тематика. На секоја честитка да ја напишете ваша шифра за распознавање (никако да не пишувате име и презиме).За најкреативно изработените честитки следуват награди за 1,2 и 3 место. Честитките ќе ги отценува стручен тим од наставници по ликовно воспитување. Честитките можат да се носат во храмот Св.Никола с. Враништа секоја недела и празник до Празникот Рождество Христово-Божик 07.01. 2024 година. Наградите ќе бидат јавно доделени после богослужбата на празникот св Василиј на ден 14.01.2024 г. и истите ќе бидат јавно изложени во предворјето од црквата. Дечињата што не се од нашата парохија,а сакаат да учествуваат можат своите креации да ги предадат кај својот парохиски свештеник кој ќе ни ги достави нам благовремено.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.