четврток, ноември 14, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Црква посветена на „Св. Климент Охридски“ во с.Мислешево

Влегувате низ портата од ковано железо и пред вас се протега голем простран двор, исполнет со неколку големи чинари и опкружен со црковни простории, трпезарии, кујни. Голем двор исполнет со клупи за седнување, уреден со трева и неколку чешми. Од левата страна на влезот се наоѓа црквата посветена на Св. Климент Охридски во селото Мислешево, струшко.

Црквата е од постаро време. Административно е дел од Втората струшка парохија.

Денес на празникот на овој голем охридски учител, светител и чудотоврец беше најпосетувана од голем број верници, и покрај тоа што беше затворена.