Денеска во големата сала на општина Охрид се одржа триесет и петтата седница на Советот на општина Охрид во која зеде учество и Локалниот Младински Совет.
На дневен ред беа осумдесет и пет точки. Најнапред се расправаше за усвојување на извештаи за работата на општинската адмнистрација, јавните претпријатија и служби основани од општината за третиот годинашен квартал, а во вториот дел од работата се усвоија програмите за работа за идната фискална година.
Последната седница за оваа година, советниците ќе ја оддржат на крајот од декември.
Имавме кратка средба со Заменик Градоначалникот на општина Охрид – Перчо Божиновски и со Раководителот на секторот за спорт, млади и невладини организации – Јоне Станковски на која дискутиравме за досегашната работа на ЛМС и за програмата на ЛМС за 2024 година. Им благодариме на неизмерната поддршка и соработка.
На триесет и петтата седница на Советот на општина Охрид учество зеде и Локалниот Младински Совет

Редакцијаноември 30, 2023
posted on
