Ученици од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид на 25 и 26.11. реализираа работна посета во Белград, каде во театарот „Звездара” присуствуваа на театарска претстава „Није човек ко не умре”, во која играа познатите српски актери: Војин Ќетковић, Бојан Жировиќ, Павле Пекиќ, Александар Ѓурица и Анѓелика Симиќ. Автор на драмата е Велимир Стојановиќ, а претставата беше во режија на Горчин Стојановиќ.
Во оваа драма се зборува за исконскиот страв на човекот од смртта и сознанието дека смртта е дел од животот. Во безизлезна ситуација кога нема лек за болеста човекот почнува да се брани како знае и умее: со филозофија, хумор, сатиричност, со храна и др.
Исто така учениците имаа прилика да го посетат музејот на еден од најзначајните писатели од југословенските простори и добитник на Нобелова награда за книжевност, Иво Андриќ каде што беа запознати повеќе со неговиот живот, работа и достигнувања во неговата кариера.
Покрај другото тие го посетија и најголемиот српски православен храм ,,Света Сава” кој што е и најголема православна црква на Балканот.
Организатори на оваа работна посета беа :
Проф.Доца Цветкоска
Проф .Марија Сарафимоска
и коресподенти :
Педагог Андријана Паскали и
проф. Катерина Симјаноска.