среда, ноември 27, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Повторно поплавени нивите кај Ботун заради мостот на Синохидро

Повторно поплавени нивите кај Ботун заради мостот на Синохидро.

Инаку како што веќе објавивме тужба со барање за илјадници евра оштета е поведена од страна на жители на Дебрца против компанијата „Синохидро“ која го гради автоатот Охрид -Кичево во Основен Суд Охрид.

Тужбата е поднесена затоа што мостот кој го изградил Синохидро и кој го користел за пристап до градилиште , дефакто ја препречил реката Сатеска и направил мало вештачко езеро, кое поплавило повеќе ниви во селото Ботун.

Нивите со насади се целосно уништени, уништени се ореови дрвца, а на нивите реката сама создала наспип од песок, кој направил земјиштето да нема повеќе квалитет каков што имало, а за отстранвање на наносите од песок на нивите треба да се нагажира механизација.

Дополнително заради водата која го прекрила просторот од пред шест месеци веќе се формирала и водна вегетација и алга.

Мостот кој е изграден не е дел од автопатската делница и се користи за преку него да поминува механизација за работа и камиони за транспорт. Но тие кои го проектирале поставиле помалу испусти од тоа што треба, па неизбежно се поплавиле околните земјоделски ниви и се формирало ова мини езеро.

По под несувањето на тужбата од Синохидро на патот кој води до нивите истурила куп земја со што го попречиле движењето.

Поврзани вести …

https://ohrid1.com/archives/91510