АктуелноОхрид

Алфа сторија: 25 годишник од Струга, амбициите и плановите за иднината, ги замени со желбата да остане жив

Штиците што живот значат за 25 годишниот стружанец Бојан Крстески, буквално значеа живот се до пред 2 години кога преку ноќ театарската сцена ја замени со болни сцени од македонските здраствени установи. Бојан нема мајка,не ја ни памети, живее со татко му и неговата повеќе од скромна плата која ја заработува како одржувач во специјалната болница за нефрологија. Никогаш вели не се пожалив,оти бев здрав и полн со живот.Барем така мислев, се додека не ги добив првите симптоми и лоши медицински анализи. По неколкуте интервенции на клиничкиот центар во Скопје и низа компликации, за влакно му го спасиле животот.Лекарите кои со постојната апаратура направиле се што можат, го испратиле Бојан на лекување во Италија. Неговата дијагноза е стеснување на жолчните канали и црниот дроб,клиничка слика за која Бојан нема снага да изговори колку е опасна и животозагрозучка. Наместо 3 дена ,неговото лекување во Италија траело еден месец, а долгот кон болницата надминал 55.000 евра,пари кои тој не може да ги обезбеди сам и затоа поднел барање до Фондот за здравство да го подмири лекувањето.

“Невозможно е тоа со една плата, со наш страндард со македонска плата нема шанси илјадници евра пошто не можевме ние никако финансиски тоа да го платиме и моравме да бараме донации од граѓаните.Ние и во Фондот за здравство подадовме но фондот не одби .А имавме се’ секаков документ, и конзилирално мислење буквално се’” –вели Бојан Крстески

Од Фондот за здравство првично одобриле само 11.000 евра од потребните 55.000. Со сета потреба документација се жалеле до првостепената и второстепена комисија и бидејќи го одбиле, поднел жалба до Управниот суд пред два месеци, но епилог нема.Бојан в понеделник мора повторно да оди во Италија,каде на секои три месеци му поставувале протези на црниот дроб и жолчните канали, интервенции кои дополнително чинат над 10.000 евра поединечно.Младиот човек не ја крие огорченоста од државата и институциите.

“Како што гледаме секој ден се повеќе излегуваат броеви за донации,гледаме дека државата не прави ништо за да им помогне на болните лица, се лечат со пари од донации, а државата не прави буквално ништо, многу малку .Општо ситуацијата е катастрофална, да нема за болни да има за банални работи, тоа го нема никаде”-додава Бојан

Среќа во несреќа е што во болницата во Рим каде што се лекува Бојан, работи врвниот македонски доктор Иво Бошковски кој со својот авторитет успеал да издејстувава да продолжи лекувањето на Бојан и покрај вкупниот долгот кој моментално изнесува близу 70.000 евра.Но до кога ќе ме толерираат докторите во Рим, загрижено прашува Бојан? Кога не сака државата,да му помогнеме на ова младо амбициозно момче да се спаси од тешката болест и да се врати на театарската сцена. На неговиот фејбук профил одамна нема фотографии од претстави,седенки, дружби и насмевки со пријателите.

 

alfa.mk