Почитувани парохијани пред нас ни претстои 40-дневниот Божикен пост.
Да се потсетиме на правилата и одредбите на Светата Православна Црква за Божикниот пост.
Започнува од 15/28 ноември и трае до 25/7 јануари. Се пости вака: во понеделник,среда и петок не се јаде масло и вино; во вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела масло и риба. Ако падне празник во понеделник,вторник и четврток,се дозволува масло и риба. Ако е голем празник во среда и петок се допушта покрај масло и риба. Ако падне ден на црковна слава во среда и петок,се дозволува масло и риба. Лесни и богоугодни пости.
Со божји благослов отец Ристе Наумоски.