Охрид

ОО СДСМ: Поразителен индекс на транспарентност и отчетност на Општина Охрид за 2022 година !

Општина Охрид бележи застрашувачки индекс под половина од максимумот на отчетност и транспарентност за 2022 година.

Нетранспарентноста и работата зад затворени врати тенденциозно креирајќи го буџетот за реализирање на лукративните цели на ДПМНЕ, значително влијае врз граѓаните при процесот на подготовка и спроведување на буџетот, особено кај маргинилизираните групи.
Општината се категоризира со индекс ЗАМИСЛЕТЕ 31 ОД 100 за отчетност што укажува на вештиот обид за прикривање на резултатите на работата на локалните власти и буџетскиот процес.

И не не’ зачудуваат овие податоци со оглед на тоа што Локалната власт својата така наречена отчетност несериозно ја искажува преку фејсбук. Така имаме Градоначалник кој на својот личен или службен фејсбук профил вежба отчетност, а важно да се напомене и дека транспарентно користи фрази кои означуваат најава на некакво дејство спрема другиот.

Нема реален отчет за сработеното стоејќи исправено пред граѓаните…бидејќи ништо не е сработено. Нема комуникација со граѓани за направеното досега! Нема официјален одговор на сите поставени прашања! Туку имаме Локална власт која својот башибозук се обидува да го сокрие од граѓаните со прикривање факти преку напад на неистомислениците и својата летаргичност преку манипулирање на широката јавност.

Почитувани, Локалната власт наврши 2 години од денгубење! Можеби еден ден ќе се одважат токму своето денгубење отчетно да го претстават пред граѓаните.

 

ОО СДСМ Охрид