На 25.11.2023 во 00:30 часот, на улицата „15 Корпус“ во Охрид, патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 40-годишен жител на охридското село Лескоец, излетало од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, а со телесни повреди сопатникот 26-годишник од охридското село Косел, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.
По наредба на јавен обвинител, на местото на незгодата, увид извршија полициски екипи.
СВР