АктуелноОхрид

ЈП Охридски Комуналец: Се разубавуваат зелените површини со viola (очиња)

Се разубавуваат зелените површини со viola (очиња) 🌺
🌸Оперативните служби на ЈП ,,Охридски Комуналец” започнаа со оплеменување на јавните зелени површини во градот и околината со засадување на цветниот материјал viola (очиња) од сопствено производство
🌸Овој цветен саден материјал е издржлив и отпорен на пониски температури па ќе ги разубавува парковите со своите интензивни бои во престојниот период
🌸Засадувањето ќе се одвива етaпно, прво ќе се опфати центарот на градот со градскиот парк, па пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, кружните сообраќајници, па потоа периферните делови од градот, се` до напролет
🍃 Се реализираа повеќе активности на терен за чистење обраснато зеленило на ул.АСНОМ, ул.Ристо Чадо, с.Косел и игралиштето и с.Велгошти

извор: ЈП Охридски Комуналец