АктуелноОхрид

Засилен санитарен лов на диви свињи во границите на Национален парк Галичица

Врз основа на Решение на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за спроведување заштитни и контролни мерки на ловиштата во однос на африканската чума кај дивите свињи бр. 10-559/8 од 06.07.2023 година и измените и дополнувањата на ова Решение, Јавната установа Национален парк Галичица донесе Одлука за спроведување засилен санитарен лов на диви свињи во границите на Национален парк Галичица бр. 02-690/1 од 21.11.2023 година.

Засилениот санитарен лов ќе се спроведува во текот на месеците ноември и декември 2023 година и месец јануари 2024 година, почнувајќи од 25 ноември годинава, заклучно со 27 јануари 2024 година. Засилениот санитарен лов на диви свињи ќе се спроведува согласно Решението на АХВ и Прирачникот за ветеринари за откривање и дијагноза на aфриканска свинска чума издаден од ФАО, информираат од ЈУНП Галичица.

 

 

архива