АктуелноОхрид

Пецаков одговори на СДСМ: Да, цело лето го поминав во Охрид и бев на одмор со сопругата сега во ноември

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков  одговори на повеќедневните прозивки на СДСМ за тоа дали бил на одмор и потврди дека летниот период беше тука во Охрид а сега во ноември го искористил својот одмор од 6 дена со семејството.

👉Овие 2-3 дена на највисоко ниво ја издигна СДСМ темата за некакви ЕГЗОТИЧНИ патувања мој, дополнително на тоа и кој ги плаќал… Нејсе.. Како и секој нормален човек одлучив мојот годишен одмор од 6 ноќевања со сопругата да го поминам токму во овај период во Ноември кога во нашиот град е потивко и помалку случувања, секако далеку од егзотично патување 😊

👉Богданка Бо Кузеска и Лионела се од регионов и знаат дека на лето генерално сум во градов пред се заради подобро функционирање, но секако и за секој проблем или предизвик шо би се појавил во нашата општина и секако дека имам право на годишен одмор со сопругата, за разлика од нив кои уживаат и не одат на работа во текот на летниот период, притоа користејќи повеќе денови од колку шо е законски препишано, тука посебно мислам на втората личност, но затоа потоа ќе дојде друг ден на таа тема…

👉 Играњето на ниски страсти и чист популизам, само ја потврди безидејноста и немањето вистински теми за комуникација и критика и само по себе, од политички аспект претставува многу лоша стратегија, а начинот на купи ден помини политика одмна веќе изгледа и смешно и погубно, пред се за државата‼️

👉 зошто е сето ова битно и зошто токму сега пред избори:
‼️додека секоја нормална влада пред парламентарни избори,би се фалела и презентирала што направила, во случајов за Охрид, тие се занимаваат со локална власт и проекти и градоначалници базирано на ниски страсти и емоции, зато шо немаат што да презентираат и она шо беше отпочнато не можат да го завршат..
‼️ Затоа што од голтари станаа милионери, ја обезличија државата и ги понижија граѓаните на Македонија..
‼️ Затоа што 3 од капиталните проекти на општина Охрид од како сум градоначачник, ги блокираат во министерство за транспорт и министерство за култура константно година и пол.
‼️ Затоа што за прв пат во историјата на општина Охрид, нашата општина ќе биде одблокирана и раздолжена, во истиот период одблокирано ќе биде ЈП Нискоградба, претпријатие кое го создадоа истите и го задолжија 1.200.000 €, а после тоа следува раздолжување на уште 3 јавни претпријатија‼️
‼️ Се реализираат огромна бројка на проекти за кои граѓаните се информирани на дневна основа преку медиумите, а најчесто бројката на реализирани проекти ги надминува бројките за 6 години кои поефини институции ги направила на државно ниво вкупно.
‼️Затоа што крајот одамна ви се гледа, но егзекуцијата свесно ја одлагате, најмногу заради лично богатање и за уништување на државата и финансиско и системско

Ps. Секако 20 пати до сега општина е прегледувана и малтретирана од сектори на стопански криминал и организиран криминал при МВР, од организирани анонимни пријави од поданици и полтрони од коалицијата ваша членови на советот, но и поранешни кандидати за пратеници( на недобитно место) подоцна и дел од советот и секако порнешни директори на ЈП, па слободно без да поднесувате до МВР И обвинителство и сите останати надлежни институции, ЈАВНО ги повикувам да проверат и кој ми платил, а шо е за право и колку се егзотични‼️‼️

-пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.

Pss. Крајот на малтретирањето на Македонија доаѓа, а со тоа доѓаат и поубави денови‼️